Рикардо „Тука“ Ферети, тренерот на мексиканскиот прволигаш Тигрес, доби суспензија од еден меч откако беше „фатен“ како пуши за време на лигашки натпревар.
Откако се појави фотографија на Бразилецот со цигара во раката при 2:0 поразот од Сантос на 18 јануари, тој беше под истрага на дисциплинската комисија иако судијата на мечот не го забележа тоа во официјалниот извештај на мечот.
Мексиканската фудбалска федерација строго забранува пушење на теренот, во техничкиот дел, тунелот и ходниците на фудбалските стадиони, а 66-годишниот Ферети може да добие и казна од 8.000 пезоси (околу 350 евра).
Тигрес се подготвуваат за пат во Катар, каде што како шампиони на Лигата на шампиони на ЦОНЦАЦАФ ќе играат на Светското клупско првенство.
¡Se porto mal! ?
‘Tuca’ Ferretti es castigado con un juego por fumar un cigarro ante Santos ??https://t.co/koXWeCj3fK#EstoEsTigres | #Tuca | #TusGuard1anes2021 pic.twitter.com/zYrodSLBsy
— TUDN USA (@TUDNUSA) January 19, 2021