Top Sport

Тренерот на Велез си замина откако беше исплукан

Тренерот на Велез Сарсфилд, Омар де Фелипе си поднесе оставка откако еден навивач го плукна по 2:0 поразот од Унион Санта Фе во аргентинскиот шампионат.

Велез се на 18. место во Суперлигата по два порази во низа, а исто така испаднаа од Аргентинскиот куп од Атлетико Тукуман во октомври.

„Си заминувам поради тоа што се случи на теренот. Еден навивач ме плукна. Тоа не можам да го издржам. Не можам да дозволам некој глупак да ме плука. Подобро е да си заминам“, изјави Де Фелипе.

Тој беше тренер на Велез од септември 2016 година.

„Вистинска штета бидејќи дојдов во овој клуб со големи надежи, но работите не испаднаа така. Резултатите го диктираат тоа“, додаде Де Фелипе.

Scroll to Top