Top Sport

Јускевичиус како Стеф Кари, погоди седум тројки во низа (Видео)

Литванскиот репрезентативец Адас Јускевичиус имаше свое шоу на натпреварот во Еврокупот, на кој неговиот тим Лиеткабелис славеше над Будуќност 86:79.

На натпреварот во Подгорица, Јускевичиос во првата четвртина делуваше како најдобриот шуер во НБА лигата Стеф Кари.

Имено бекот на Лиеткабелис во првиот период постигна седум тројки во низа (21 поен), а литаннскиот тим четвртината ја доби со 31:13.

Јускевичиус натпреварот го заврши со 31 поен (тројки 9/13), 4 скока, 5 асистенции и индекс на корисност 38.

Scroll to Top