Најконтроверзниот тренер во Србија, а веројатно и на Балканот, Ненад Лалатовиќ, синоќа во Ниш предизвикал нов скандал.
Лалатовиќ минатата сезона како тренер на Раднички го освои второто место, а по завршувањето на сезоната се пресели во Војводина. Синоќа против својот поранешен тим победи 2.1, меѓутоа резултатот е неважен поради скандалот што го предизвика.
Лалатовиќ најпрвин во финишот на првиот дел започнал расправија со колегата Милорад Косановиќ, поради што добил жолт картон. На стартот на вториот дел испровоциран од некој во публиката тој повторно влегол во вербален дуел, неколку пати се прекрстил и кон навивалот гестикулирал дека ќе го „скрати за глава“.