Хрватскиот фудбалер на Копенхаген, Карло Бартолец предизвика бура на реакции во Србија по изјавата дека Црвена звезда е „просечен тим ако ги нема Марко Марин и Ел Фарду Бен“ посочувајќи дека „многу послабо играат во гости“.
Звезда и Копенхаген се борат за место во Лигата на шампионите, откако првиот меч од третото квалификациско коло во Белград заврши 1:1. Тренерот на Звезда, Владан Милоевиќ е сигурен дека може да се направи подвиг во Копенхаген и реши да му одговори на Бартолец со цитат од славниот американски писател, Чарлс Буковски.
„Никогаш не сум ги коментирал зборовите на другите, бидејќи ако тие така мислат, тоа е во ред. Немам што да додавам и да одговарам, секој има право да каже што мисли. Како што велеше Чарлс Буковски: ’Тоа што ти ќе кажеш, а јас нема да ти одговорам, не значи дека ти си во право’“, изјави Милоевиќ.