Top Sport

Тајсон си призна: Користев урина од сопругата и децата за да поминам на допинг

Американскиот боксер, Мајк Тајсон призна дека и тој во минатото ги мамел службените лица при допинг контролите. Тајнон вели дека ја користел урината на своите најблиски за да ги помине допинг тестовите.

„Ја користев урината на мојата сопруга. Еднаш таа ми рече, „Кога резултатите ќе станат познати, тие ќе покажат дека си бремен“. Тогаш решив дека е подобро да се користи урината на моите деца. Како го избегнав набљудувањето на лицата одговорни за допингот? Сè е едноставно. Повеќето мажи се чувствуваат непријатно кога им го покажувате половиот орган. Затоа, кога одев на тестирање, тие најчесто се одвраќаа“ – рече 53-годишниот Тајсон.

Тој на 20 години стана шампион во тешка категорија, а кариерата ја заврши откако беше осуден на тригодишна затворска казна поради силување.

Scroll to Top