Top Sport

Тренерски трејд на релација ПСЖ-Тотенхем

Антонио Конте им поставил услов на челниците на Тотенхем да ја продолжат соработката, а доколку не му се исполнат желбите, ќе го напушти лондонскиот клуб. Ова го наведува „Дејли телеграф“, објаснувајќи дека условот на кој инсистира италијанскиот стручњак е доведување на шест играчи. Дека е подготвен да си замине од Тотенхем, известува и „Паризјен“, кој тврди дека се понудил на Пари Сен Жермен.

Англиските извори не одат толку далеку и не ги спомнуваат преговорите меѓу Конте и ПСЖ, но потсетуваат дека италијанскиот стручњак е цврст во ставовите, што го докажа со заминувањето од шампионот Интер откако не доби гаранции дека ќе ги добие бараните играчи во преодниот рок.

Неколку години претходно поради своите цврсти ставови замина и од Јувентус.

Приказната ја продолжува „Ивнинг стандард“, кој наведува дека можно е ПСЖ и Тотенхем да направат рокада со тренерите, односно Покетино да се пресели во Лондон, а Конте во Париз.

Враќањето на Покетино би го дочекале со раширени раце во Тотенхем. Покетино седеше на клупата на Спарс од 2014 до 2019 година, а под негово водство тимот го играше и финале на Лигата на шампионите. Доколку и тој е подготвен да се врати, клубот полесно би се збогувал со Конте.

Scroll to Top