Екипата која во прекинатото француско фудбалско првенство заврши на седмата позиција, одигра само еден меч по рестартот на сезоната (финале на Купот на Франција) успеа да елиминира два тима големи кандидати за пехарот – Манчестер Сити и претходно Јувентус.
Тимот предводен од тренерот Руди Гарсија е пред нов, голем предизвик – Баерн Минхен. Но самодовербата кај играчите на Лион е на високо ниво.
„Знаеме против кого го играме следниот меч. Го елиминиравме Јувентус, сега и Манчестер Сити – фаворити за пехарот.
Тоа е и Баерн, но на основа што моите играчи го покажаа до сега, логично е да се надеваме на пласман во финалето“ рече Гарсија по победата над „граѓаните“.
Лион и наредната година ќе игра во Европа само под услов да ја освои ЛШ. Во спротивно нема да има излез во Европа за „лавовите“ по цели 23 години.
Претстои второто полуфинале за Лион во ЛШ и повторно Баерн Минхен. Пред 10 години Баварците беа доминантни во двомечот со тимот од Франција, вкупни 4-0.
„Самодовербата расте во екипата, но ќе бидеме аутсајдери во тој меч и пак ќе ни треба се што знаеме за да поминеме понатаму. Кога сте во полуфинале во ЛШ, може да се каже дека е заслужено, но ако влеземе во финале, е тогаш навистина е заслужено“ рече Гарсија по триумфот над Сити со 3-1.