Top Sport

Трета генерација Милан – Даниел Малдини дебитираше за првиот тим

Дека нема италијанско презиме со посилна врска со Милан од тоа на Малдини одамна е јасно, а денеска и официјално третата генерација на фудбалери од ова семејство играше за „росонерите“.

18-годишниот Даниел Малдини доби шанса од тренерот Стефано Пиоли при 1:1 разочарувачкото реми за Милан со Верона на „Сан Сиро“, за да ги следи стапките на својот дедо Чезаре и својот татко Паоло, две легенди на клубот. Тој немаше шанси да покаже многу, бидејќи влезе симболично во 93. минута од мечот, 35 години по неговиот татко и 66 години по неговиот дедо.

„Моето деби беше сон, штета за резултатот. Можевме многу повеќе, но за мене имаше многу емоции во овој момент. Се надевам на победа во следниот меч“, изјави младиот Малдини.

Чезаре, кој почина пред четири години, освои четири титули и една европска круна во 12 сезони во тимот, пред двапати да им биде тренер. Паоло пак, играше рекордни 647 натпревари во Серија А, освои седум скудета и пет европски титули, пред минатата година да се врати во тимот како директор.

Scroll to Top