Top Sport

Трета година по ред со трет клуб испаѓа од лигата

Репрезентативецот на Велс и играч на Челзи, Итан Ампаду трета сезона по ред игра како позајмен од лондонскиот гигант за клубови кои испаѓаат на крајот од сезоната.

Ампаду, како талентиран дефанзивец пристигна во Челси во 2017 година, од Екстер сити за 2.800.000 евра. Сепак кариерата ја гради на позајмици.

Оваа сезона играше за Специја, екипа која синоќа ја загуби мајсторката против Верона и испадна од Серија А.

Претходно, во сезоната 2020/2021 испадна од Премиер лигата со екипата на Шефилд јунајтед. Минатата сезона не успеа да избори опстанок во Серија А со Венеција.

Scroll to Top