Top Sport

Третолигашот Пескара им порача на ПСЖ: Вратете ни го Верати

Откако италијанскиот репрезентативец Марко Верати беше предмет на остри критики од навивачите на Пари Сен-Жермен и од француските медиуми за слабиот меч против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, неговиот матичен клуб, Пескара се понуди да го врати назад.

30-годишниот Верати ја почна кариерата во Пескара со кои импресионираше во Серија Б (како соиграч на Чиро Имобиле и Лоренцо Инсиње), за ПСЖ да го купи за 12 милиони евра пред тој да заигра во Серија А. По 406 настапи за ПСЖ, тој беше прогласен за еден од виновниците а 2:0 поразот од Баерн со слабата игра во средината на теренот.

Од Пескара, кои сега пак играат во Серија Ц, веднаш се понудија да си го земат назад

„Ние немаме проблем со него, сосема спротивно! Тренинг, натпревари, малку месо на скара и многу убаво време покрај морето“, напишаа од Пескара.

Scroll to Top