Top Sport

Третото издание на Лигата на нации ќе се игра во невообичаени термини

Синоќа заврши второто издание на Лигата на нации. Третото, за разлика од првите две кои се играа од септември до ноември, ќе почне во невообичаен термин, во јуни 2022 година.

Од март наредната година европските селекции ќе ги започнат квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Мундијалските квалификации ќе ја одложат Лигата на нации.

Третото издание на ова натпреварување ќе започне на 2.јуни 2022 година, а ќе заврши на 27.септември 2022 година.

Македонија и во третото издание на Лигата на нации ќе се натпреварува во Ц-дивизијата.

Scroll to Top