Top Sport

Три авто-гола на еден натпревар (Видео)

Авто-гол во фудбалот е реткост, а кога на еден меч ќе бидат постигнати три авто-гола, тогаш тоа е вистински раритет. Токму тоа е случило на натпреварот помеѓу Сан Хозе (Боливија) и ЛДУ Кито (Еквадор), во Копа Либертадорес, јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампиони.

Натпреварот, според извештаите бил возбудлив, со добри потези и сомнителни ситуации. На крајот завршил без победник 3:3. Два пати својот голман го совладал дефанзивецот на ЛДУ Кито, Мена.

По водечкиот гол за Сан Хозе, следувало израмнување на резултатот, а потоа и трите авто-гола.

Scroll to Top