Top Sport

Пеле: Мбапе не мора да оди во Реал за да биде најдобар во светот

Легендарниот Бразиелц, Пеле, верува дека напаѓачот на ПСЖ, Киилијан Мбапе, може да биде најдобар во светот.

Мбапе, многумина го поврзуваат со Реал Мадрид, наводно трансферот би можел да биде реализиран летово, а интересот не го кријат уште неколку клубови.

„Килијан не мора да го напушти ПСЖ за да стане најдобар во светот. Само мора да продолжи да игра на ова ниво, така може да стене најдобар. Доколку го споредам Килијан со Пеле, ќе кажам дека Пеле никогаш не заминал од Сантош за да стане најдобар во светот“, рекол 78 годишниот Бразилец, а потоа се пошегувал.

„Мислам дека ми завидува, поради тоа ме имитира. Неговиот стил, начинот на кој игра е латински, би рекол бразилски. Штета што не играл за Сантош, но никогаш не е доцна“.

Мбапе оваа сезона има постигнато 27 гола.

Scroll to Top