Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона почина на денешен ден во 2020 година.
Марадона почина од срцев удар во својот дом во Тигре на 61-годишна возраст.
Светот ја загуби една од најголемите икони на светскиот фудбал, а според многумина и најголемиот играч на сите времиња.
Диего е роден на 30 октомври 1960 година во Ланус, Буенос Аирес и ќе остане запаметен како еден од најголемите фудбалери во историјата.
Започна да игра фудбал во Аргентинос Јуниорс, а играше и за Бока, Барселона, Наполи, Севилја, Њуелс и на крајот повторно за Бока Јунуиорс.
За аргентинската репрезентација одигра 91 натпревар и постигна 34 гола, а го освои и Светското првенство во 1986 година.
Легендарната десетка на Аргентина пред смртта работеше како тренер на Ла Плата, а во својата тренерска кариера беше и селектор на „гаучосите“.
Ковчегот на Марадона, обвиен со аргентинско знаме и со три дресови со број 10 (Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс и Аргентина) – беше изложен во претседателската палата Каса Росада, а илјадници поминаа покрај неговиот ковчег и му одадоа почити на големиот Диего.
На 26 ноември 2020 година, се одржа приватна погребна церемонија и Марадона беше погребан до неговите родители на гробиштата Жардин де Бела Виста во Бела Виста, во близина на Буенос Аирес.
Италијански Наполи, со кој стана шампион на Италија, неколку дена по смртта на Марадона го преминеува својот стадион во „Диего Армандо Марадона“.