Top Sport

Три гола на Роналдо, нова победа за Ал Наср

Крстијано Роналдо продолжува да игра во одлична форма откако се пресели во Саудиска Арабија. Во саботата тој постигна хет-трик во победата на Ал Наср. Португалецот веќе има постигнато осум гола на само четири одиграни натпревари за Ал Наср.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, три гола постигна во првото полувреме. Најпрвин го совлада голманот на дамак од пенал во 18.минута. Пет минути подоцна зголеми на 2:0, а хет-трикот го комплетираше во финишот на првото полувреме.

 

Scroll to Top