Top Sport

Три гола од Париз се сомнителни за УЕФА (Видео)

Три од седумте гола што се постигнати на натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда (6:1) во рамките на второто коло, во Ц-групата, во Лигата на шампионите, биле сомнителни за луѓето од УЕФА.

УЕФА и француското обвинителство за финансиски криминал ги истражуваат наводите со кои излезе во петокот весникот „Лекип“, дека функционер на Црвена ѕвезда, сакал да уплати пет милиони евра дека српскиот шампион ќе биде поразен со пет гола разлика.

„Лекип“ денес објави дека УЕФА истрагата ќе ја насочи кон вториот, третиот и петтиот гол на ПСЖ.

Јасно е дека при головите на Нејмар во 22., Кавани во 37. и Мбапе во 70.минута, Црвена ѕвезда не реагираше најдобро. Сепак од весникот тврдат дека на снимката не може веднаш да се забележи индолентноста на фудбалерите на Црвена ѕвезда, до дека со детална анализа може да се дојде до заклучокот дека натпреварот можеби бил наместен.

Scroll to Top