Top Sport

Саудискиот принц ќе го купува Манчестер јунајтед?!

Англиските медиуми утрово ја шокираа јавноста дека семејството Глејзер размислува да го продаде Манчестер јунајтед. Наводно американските сопственици биле подготвени да го продадат клубот за сума од три милијарди фунти.

Интерес за еден од најславните клубови во светот на фудбалот покажал принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Тој никогаш не криел дека има голема желба да стане сопственик на фудбалски клуб.

Инаку, богатството на принцот бин Салман се проценува на неверојатни 850 милијарди фунти.

Инаку, Саудијците во изминатите неколку години инвестираат во разни спортови, а сериозни инвестиции имаа во Формула 1 и ВВЕ (WWE).

Scroll to Top