Поранешниот репрезентативец на Италија, играч на неколку клубови во Серија А, Фабрицио Миколи наредните три и пол години ќе ги мине во затвор. Апелацискиот суд во Палермо му ја потврдил казната на 40 годишниот Миколи која му беше изречена во октомври минатата година.
Миколи заедно со Мауро Лауричело, син на шефот на сицилијанската мафија, изнудил 12.000 евра од сопственик на една дискотека. Бидејќи при изнудата користел насилни методи поранешниот фудбалер е осуден на три и пол години.
Во својата богата фудбалска кариера Миколи играл за Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо, Лече и Биркиркара. Кариерата ја завршил во 2015 година.
Миколи има и десет настапи за репрезентацијата на Италија.