Top Sport

Милан и Интер договориле трансфер

Градските ривали Милан и Интер го договориле трансферот на Матео Политано тврди „Скај Спорт Италија“.

Политано во 2018 година пристигна во Интер, беше стандарден кај Лучано Спалети меѓутоа испадна од комбинациите за првиот тим кај тренерот Антонио Конте.

Од почетокот на сезоната Политано одиграл само 243 минути. На Конте не му се потребни неговите услуги кога во нападот ги има Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

„Скај Спорт Италија“ објави дека деновиве неговиот менаџер ги завршил сите формалности околу преселбата во Милан. Интер од овој трансфер треба да заработат 25 милиони евра.

Доаѓањето на Политано во Милан само ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот, што уште повеќе ќе ги засили шпекулациите за заминувањето на Кшиштоф Пјонтек.

Scroll to Top