Фудбалските клубови Вотфорд, Брајтон и Астон Вила јавно се спротивставија на предлогот преостанатите натпревари од сезоната да се играат на неутрални терени. Премиерлигата е стопирана на 13 март поради коронавирусот. Прашање е дали и кога ќе продолжи, еден од предлозите е натпреварите да се играат на неутрални терени. По ова прашање клубовите ќе треба да се изјаснат в понеделник.
За да помине овој предлог потребно е да гласаат „За“ 14 од 20 клубови во Премиерлигата. Би-би-си тврди дека три клуба јавно го изразиле незадоволството, а дека и останатите не се воодушевени од предлогот.
„Апсолутно се согласувам со предлогот натпреварите да се играат без публика, меѓутоа сега ни велат дека не можеме преостанатите натпревари кога сме домаќини да ги играме на нашиот стадион. И тие натпревари треба, како ништи да не се случило, да ги играат фудбалери чии животи се свртени наопаку. Многу работи се бараат од нас, иако е јасно дека натпреварувањето не личи на она кое го започнавме, тоа би можело да го означи крајот на малите клубови каков што е Вофорд во Премиерлигата“, рекол директорот на Вотфорд Скот Даксбури.