Како се ближи летниот преоден рок, повторно се шпекулира со можниот трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС).
Најдобриот играч на Лацио, последните две сезони се поврзува со најсилните европски клубови. Ставот на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е јасен, СМС може да оди само доколку некој понуди 100.000.000 евра.
Римскиот весник „Ил Месеџеро“, пишува дека интерес за српскиот репрезентативец покажале Јувентус и Манчестер јунајтед и дека најверојатно во трката за неговиот потпис ќе се вклучи ПСЖ.
СМС има договор со Лацио до 30.јуни 2024 година. Неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 70.000.000 евра.
Оваа сезона на 26 натпревари постигнал осум гола и забележал осум асистенции.