Top Sport

Три клуба се заинтерсирани за Белоти

Андреа Белоти на крајот од сезоната го напушта Торино, а понуди има бројни.

Неговиот договор истекува во јуни, тој нема да потпише нов и сигурно е дека ќе си замине како слободен играч.

Новинарот Руди Галети тврди дека Севиља, Вест Хем и Аталанта го посакуваат Италијанецот, но дека има мали шанси тој да остане во Серија А.

Белоти има 28 години, некогаш беше на мета на Арсенал, Торино тогаш бараше над 60 милиони евра, на крајот ќе замине без оштета.

Scroll to Top