Top Sport

Три меча без победа за Нагелсман – Менхенгладбах го порази Баерн

Иако се работи за мечеви од предсезоната, во кои резултатот не е најважен, почетокот на работата на Јулијан Нагелсман на клупата на Баерн Минхен не поминува најдобро.

На денешната контрола со Борусија Менхенгладбах, Баварците беа поразени со 0:2 со два гола во второто полувреме. Ханес Волф ги донесе Менхенгладбах во водство во 57. минута, пред Михаел Венцел во 76. минута да го потврди триумфот.

Ова е трет контролен меч во кој Баерн нема победа ова лето.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');