Top Sport

Три месеци суспензија за претседателот на Рома

Дисциплинската комисија на УЕФА му изрече три месечна суспензија на претседателот на Рома, Џејмс Палота, поради коментарите за судењето по натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите.

Суспензијата ќе важи за натпреварите во Лигата на шампионите, а УЕФА во соопштението вели дека Палота ги навредил судиите.

Палота нема да може да комуницира со играчите и тренерите за време на натпреварите, а исто така нема да има пристап до соблекувалните во периодот додека трае суспензијата.

Суспензијата ќе започне со новата сезона во Лигата на шампионите, на 18. или 19.септември.

Исти така, Дисциплинската комисија на УЕФА, ја казни Рома, поради навивачките инциденти, парично с 19.000 евра.

Scroll to Top