Top Sport

Три месеци суспензија за судијата Шапрон

Дисциплинската комисија на француската Лига 1 му изрече шестмесечна суспензија на судијата Тони Шапрон кој на меќот Нант-ПСЖ се обиде да удри фудбалер на домашниот тим. Веднаш откако му ја изрекуа казната дисциплинците му ја преполовија казната на судијата.

Шапрон во декември на споменатиот натпревар се судри со играчот на Нант Диего Карлос, а потоа се обиде да го удри играчот со нога.

Иако играчот на Нант ненамерно се судри со судијата, Шапрон му го покажа вториот жолт картон и му го покажа патот кон соблекувалната.

Шапрон доби суспензија веднаш по завршувањето на натпреварот, на Диего Карлос му беше поништен црвениот картон и тоа по барање на судијата кој целата ситуација ја опиша како „несмасна“ и „непримерна“.

Шапрон (45) фудбалската правда на француските терени ја дели од 2004 година. Тој во кариерата судел на повеќе од 400 натпревари, а пред инцидентот со Диего Карлос најави дека ова е негова последна сезона во кариерата.

Scroll to Top