Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Италија ја соопшти казната што треба да ја одработи играчот на Идинезе, Родриго Де Паул.
Најдобриот играч на Удинезе, во саботата, дуелот на неговиот тим против Интер го заврши во 35 минута. Аргентинецот му удри шлаканица на Антонио Кандрева поради што доби црвен картон.
Поради овој инцидент Де Паул е казнет со неиграње на три натпревари. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите се Бреша, Верона и Болоња.