Top Sport

„Три од три“ за Евертон

Фудбалерите на Евертон го победија Кристал Палас со 2.1 во третото коло во Премиер лигата.

Фудбалерите на Карло Анчелоти првиот гол го постигнаа во деветтата минута, кога Доминик Калверт-Луин ја искористи асистенцијата на Шејмус Колман.

Во 26 минута Кристал Палас израмнија со голот на Чејху Кујате.

До крајот на полувремето Евертон постигнаа уште еден гол. Откако Џоел Вард играше со рака пред својот гол, ВАР потврди дека тоа е најстрога казна, а Ришарлисон успешно го реализираше пеналот.

Во вториот дел играчите на Кристал Палас се обидуваа да ја преземат иницијатвата и да сигнат до израмнување на резултатот, меѓутоа ниту еднаш сериозно не се заканија кон голот на Pикфорд.

Евертон во првите три кола има исто толку победи, додека Кристал Палас по воведните две победи го доживеа првиот пораз.

Scroll to Top