Top Sport

Три победи во низа за седмо место за „Чеканите“

Вест хем се намачи, но стигна до 2:1 победа над Вест Бромвич Албион за да ја забележи својата трета победа едноподруго и да се искачи на седмото место во Премиер лигата.

Џерод Боуен донесе водство за тимот на Дејвид Мојс во финишот на првото полувреме, но ВБА, кои грчевито се борат да излезат од зоната за испаѓање се вратија преку Матеуш Переира во 50-тата минута. Мајкл Антонио во 66-тата минута ја врати предноста на „чеканите“.

Вест хем се седми со 32 поени исто колку што има и шестопласираниот Евертон, но и само 5 од првото место на Манчестер јунајтед и три пред Челси на осмото место. ВБА се претпоследни со 11 поени, пет од безбедната зона.

Scroll to Top