Top Sport

Три тима имале подобри напаѓачи од Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на дербито со Челси, рекол дека Манчестер јунајтед, Тотенхем и Челси имаат подобри напаѓачи.

„Граѓаните“, во летниот преоден рок ги напушти Серхио Агуеро, единствен напаѓач во тимот е Габриел Жесус.

„Напаѓач си е напаѓач – тие живеат надвор од меурот. Покрај голманите, тие се специјалисти за една позиција во тимот. Поради тоа нивните трансфери се најтешки за реализација. Имавме привилегија толку години да го имаме Серхио Агуеро. За жал минатата сезона се мачеше со повредите. Преживеавме и без него, но со него имавме дополнителен квалитет. Имаме извонредни фудбалери, но немаме оружја во нападот какви што имаат Јунајтед, Челси и Тотенхем“, рекол Гвардиола.

Манчестер сити од 13.30 часот ќе гостуваат на „Стенфорд Бирџ“, кај Челси.

Scroll to Top