Top Sport

Тричковски на Кипар барем до 2020 година

Кипарскиот тим АЕК Ларнака му го продолжи договорот на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски за уште 2.5 години и тој ќе остане во тимот барем до мај 2020 година.

„Би сакал да се заблагодарам на претседателот, г-динот Карапатакис и на целиот борд на клубот за довербата која ми ја укажаа. Овој тим е како семејство за мене и затоа одлуката да останам беше многу лесна. Целта останува иста, да се освои двојната титула и да имаме добри настапи во Европа. Од првиот ден во тимот сум среќен тука и сакам да им порачан на навивачите дека без нив е тешко да се остварат целите“, изјави Тричковски.

Тричковски дојде во АЕК Ларнака минатата година и во 47 настапи за тимот има постигнато 25 гола.

Scroll to Top