Top Sport

Бенитез: Погба и Џерард не одат во иста реченица

Играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба не може да биде сметан во „врна класа“ и на исто ниво како легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, вели менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез.

24-годишниот Погба имаше одличен кам-бек по два месеци во аут откму против Њукасл, постигнувајќи еден гол и додавајќи една асистенција за 4:1 победа. Меѓутоа, Бенитез, кој претходно беше на клупата на Ливерпул, вели дека треба да помине време за тој да биде поставуван во иста реченица со играчи како Џерард.

„Тие се поинакви. Стиви беше играч од врвна класа толку многу години. Беше постојан и знаеше како да одлучи натпревар, со или без топката. Тој беше од светска класа. Погба е добар играч, но уште треба да биде постојан со години. Тој не е мој играч така што не морам многу да зборувам за него. Но, како и повеќето играчи на Манчестер јунајтед, тој е добар играч“, изјави Бенитез, во изјава која ќе биде „музика“ за ушите на навивачите на „Црвените“.

Њукасл само го налути Јунајтед, Златан се врати! (видео)

 

Scroll to Top