Top Sport

Тричковски постигна гол па се повреди (Видео)

Напаѓачот на АЕК Ларнака Иван Тричковски ја продолжи гол-серијата во шампионатот на Кипар.

Тричковски го постигна првиот гол за АЕК во победата над Докас 2:1. Македонскиот репрезентативец досега има постиганто десет гола во првенството.

Лоша вест е што Тричковски не го завршил мечот, поради повреда тој бил заменет во 69 минута.

Засега нема информација за каква повреда се работи и дали таа ќе го оддалечи од настапот за националниот тим во квалификациите за ЕУРО 2020 против Австрија и Израел.

Scroll to Top