Top Sport

Фенер ја прекина лошата низа, Барса сигурна во Каунас

Кошаркарите на Фенербахче го победија Баерн 90:82 во седмото коло во Евролигата. Фенер со овој триумф ставија крај на серијата од три порази. Во исто време Барселона во Каунас ја запиша шестата победа сезонава. Барселона го победи Жалгирис 93:86.

Фенербахче победата против Баерн ја обезбеди во последната четвртина, која ја отворија со серија 7:0, а ја добија со 29:20.
Клучен играч во триумфот беше капитенот Мелих Махмутоглу кој постигна 14 поени (4/5 тројки). Најефикасен кај Фенер беше Дерик Вилијамс со 19 поени.

Кај Баерн се истакнаа Грег Монро со 17 поени, шест скока и три асистенции, односно Владимир Лучиќ со 14 поени и седум скока.

Фенербахче во наредното коло ќе гостува кај ЦСКА, а Баерн ќе игра против Валенсија.

Барселона благодарение на брилијантните партии на Никола Миротиќ и Кори Хигинс успеа да победи на „жешкиот“ терен во Каунас.

Хигинс го одигра најдобриот меч за Барселона по трансферот од ЦСКА, постигна 27 поени, промашувајќи само еднаш од поле (9/10). Миротиќ мечот го заврши со 24 поени, половина од нив постигна од линијата за слободни фрлања (12/12).

На спортивната страна најефикасни беа Зек Ледеј со 16 и Томас Вокап со 14 поени.

Во осмото коло Барселона ќе го игра кошаркарското „Ел Класико“ против Реал во Мадрид, додека Жалгирис ќе гостува кај Олимпијакос.

Scroll to Top