Македонија има 1:0 водство против Естонија во меч од Лигата на нации, благодарение на одличниот гол на Иван Тричковски во 29. минута од мечот.
Иако уморни од славната победа над Грузија и пласманот на Европското првенство, селекторот Игор Ангеловски покажа дека сериозно оди на победа во мечот, со само четири отсустни од тој меч.
Еден кој не доби шанса во Грузија, беше Тричковски, кој во 29. минута покажа зошто е еден од најценетите напаѓачи во шампионатот на Кипар, кога по лошиот удар на Спировски, постигна прекрасен гол.
Неколку минути подоцна, тој имаше шанса да зголеми на 2:0, кога по одличното нафрлање на Елмас, голманот на Естонците едвај ја одбрани топката.
?? 1-0 ??
Le but macédonien.@FrMacedonien pic.twitter.com/x13mBRjqaM
— ?? Eesti Football FR ?? (@EestiFr) November 15, 2020