Top Sport

„Триколорите“ со рутинска победа во Казахстан

Актуелниот светски шампион француската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022, откако на гостувањето кај Казахстан стигна до рутинска 0:2 победа.

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле го постигна својот прв гол во тимот на Дидие Дешам од 2018 година во 19. минута по асистенција на Антони Марсијал, а во 44. минута од мечот несреќниот Сергеј Малиј сам си ја затресе мрежата по едно нафрлање. Во 75. минута од мечот, Французите имаа шанса да зголемат на 3:0, но Килијан Мбапе промаши од белата точка.

СП КВАЛИФИКАЦИИ 2022

ГРУПА Д

Казасхтан – Франција 0:2

Украина – Финска 20.45 ч.

Табела: 1.Франција 4, 2.Финска 1, 3 Украина 1, 4.БиХ 1, 5.Казахстан 0

Scroll to Top