Крајно ефикасен и неизвесен меч одиграа екипите на Верона и Торино во рамки на 16 коло во Серија А. На стадионот „Марк’Антонио Бентегоди“ гостите од Торино беа подобар противник, и до 69 минута имаа убедливо водство од 0-3.
Стрелци на трите гола за гостите беа на двапати Ансалди и еднаш Беренгер.
Сепак, фудбалерите на Верона немаа намера предвреме да се предадат.
Најпрво во 69. минута Пацини намали од пенал, па во 76. минута Вере погоди за 2-3. Степински во 84. минута погоди за 3-3 за голема радост на трибините.
Верона имаше низа од два порази пред овој меч. Верона сега е 11-та, а Торино е деветтопласиран со 21 бод.