Сампдорија и Удинезе одиграа трилер реми 3:3 во попладневниот термин во Серија А, додека Игор Тудор очигледно ја препороди Верона, предводејќи ги до 4:0 победа над Специја.
Во Џенова, гостите први дојдоа во водство во 15. минута, пред да си постигнат автогол за 1:1 преку Ларсен во 24. минута. Удинезе во 43. минута повторно се „крена“ со Бето, а во второто полувреме, Сампдорија израмни од пенал во 48. минута преку ветеранот Кваљарела, за Кандрева да постигне фантастичен гол во 69. минута. Удинезе до поенот стигна во 82. минута преку Форестиери.
Во Верона, Симеоне уште во 4. минута донесе водство за домаќините, за во 15. минута, Фараони да зголеми на 2:0. До крајот на полувремето дадат уште еден гол преку Карпари. Во 71. минута, Беса го комплетираше големиот триумф за Хелас Верона.
СЕРИЈА А, 7.КОЛО
Сампдорија – Удинезе 3:3
Верона – Специја 4:0