Top Sport

Тринити Родман фудбалерка со најголема плата во САД

Ќерката на славниот НБА кошаркар Денис Родман, Тринити Родман (20), стана најплатена фудбалерка во САД, објави „Јаху спорт“.

Тринити Родман потпиша нов четиригодишен договор со Вашингтон Спирит вреден 1.120.000 долари. Годишно таа ќе заработува 281.000 долари.

Трините, минатата сезона ја освои титулата со Вашингтон и беше прогласена за руки на сезоната. Според платата таа ги надмина досегашните ѕвезди на американскиот женски фудбал, Алекс Морган и Меган Рапино, кои годишно заработуваат по 250.000 долари.

Ќерката на Родман досега одигра седум натпревари за САД и постигна два гола.

Тринити Родман е ќерка на Денис Родман, кој беше петкратен шампион во НБА, во 1989 и 1990 година со Детроит и од 1996 до 1998 година со Чикаго Булс. Играше и за ЛА Лејкерс и Далас Маверикс.

Од 1992 до 1998 година, седум последователни сезони беше најдобар скокач во лигата, што сè уште е рекорд во НБА. Родман беше примен во Куќата на славните во 2011 година.

Scroll to Top