Киран Трипие ќе биде првото засилување за Њукасл јунајтед, во ерата на новите газди. Десниот бек, по две и пол години ќе се врати во Премиер лигата. Трипие, минатата сезона, со Атлетико стана шампион на Шпанија.
Англиските медиуми пишуваат дека трансферот ќе изнесува околу 12.000.000 фунти. Трипие ќе потпише три и пол годишен договор. Неделно ќе заработува 120.000 фунти, со што ќе биде најплатениот играч во историјата на клубот.
Трансферот треба да биде официјализиран во наредните денови.