Киран Трипие ќе биде првото засилување за Њукасл во ерата на газдите од Саудиска Арабија. Шпанските медиуми тврдат дека прашање на денот е кога овој трансфер ќе биде официјализиран.
Договорот на Трипие со Атлетико истекува за 18 месеци, клубот ќе го пушти порано за да заработи од трансферот. Атлетико за десниот бек на Тотенхем во 2019 година им плати 22.000.000 евра.
Медиумите шпекулираат дека „јорганџиите“ од продажбата на Трипие ќе заработат околу 30.000.000 евра.
Истите овие извори тврдат дека, Атлетико е во потрага по десен бек. Диего Симеоне ќе се обиде да го донесе Нелсон Семедо од Вулверхемптон или Сесар Аспиликуета од Челси.