Фудбалерот на Њукасл, Киран Трипие објави крај на репрезентативната кариера, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Како што е објавено на сајтот на ФА, Трипие (33) се повлекува од репрезентацијата по 54 натпревари и еден гол во дресот на Англија.
Трипие дебитираше за Англија во 2017 година, а за репрезентацијата играше на две светски и две европски првенства.
Единствениот гол за Англија го постигна во полуфиналето на Светското првенство во Русија, кое „Горди Албион“ го загуби по продолженијата од Хрватска со резултат 2:1.
„Никогаш, како младо момече од Бури не мислев дека ќе играм за мојата земја, а камоли да ќе одиграм 54 натпревари“, напиша Трипие на Инстаграм. „Најголема чест за мене беше да ја претставувам мојата земја на четири големи турнири.
Тој започна шест натпревари на ЕУРО 2024, но не играше во финалето против Шпанија.
„Сакам да му се заблагодарам на поранешниот селектор Герет Саутгејт и на целиот персонал кој работеше со репрезентацијата на Англија за довербата што ми ја укажа низ годините. Имблагодарам на сите мои соиграчи. Имавме многу специјални моменти, игравме две финалиња на ЕП и полуфинале на Светското првенство Сигурен сум дека во иднина оваа група на играчи ќе освои голем турнир“, напиша Трипие.