Top Sport

Трофејот од ЛЕ му донесе на Јунајтед 44 милиони евра

Шампионите од Лигата на Европа, Манчестер јунајтед заработија 44 милиони евра за учеството во второто најсилно европско натпреварување, додека поразените финалисти Ајакс добија само 15 милиони и покрај тоа што имаа исто натпревари како Јунајтед.

Покрај фантастичната награда, Јунајтед со победата во ЛЕ стигна и до место во Лигата на шампиони. Сите натпревари на Манчестер јунајтед беа прикажувани на „БТ спорт“ и затоа нивната награда е толку голема.

Најмногу пари од УЕФА за европските купови ќе добијат минатогодишните финалисти од Лигата на шампионите, Јувентус, дури 110 милиони евра, додека шампионите Реал Мадрид имаат сума од 81 милиони евра.

Лестер сити, кои учествуваа како англиски шампиони и стигнаа до полуфиналето имаат иста сума како Реал Мадрид поради вредноста на британските ТВ права. Од сите 32 учесници во ЛШ најмалку пари зеде швајцарскиот шампион, Базел – 16 милиони евра.

Scroll to Top