Top Sport

Троиси го промаши невозможното во 99. минута (видео)

Дербито на Мелбурн, меѓу Мелбурн виктори и Мелбурн сити заврши со тесна 2:1 победа на Виктори, но најмногу внимание предизвика невеорјатната на Џејмс Троиси во 99. минута од мечот.

Голманот на Сити, Дин Бузанис тргна напред како напаѓач, но откако му беше одземена топката пред шестнаесетникот, Виктори имаа совршена шанса да ја потврдат победата со уште еден гол. Тогаш на сцена стапи, австралискиот играч од средниот ред, Џејмс Троиси, кој истрча во противничката половина и требаше само да ја смести топката во празниот гол, некако успеа да утна.

За среќа, веднаш потоа мечот заврши и Виктори стигна до победата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top