Капитенот на Вотфорд, Трој Дини вели дека во секој фудбалски клуб има барем еден играч кој е геј или бисексуалец, и дека само ако еден го признае јавно тоа, следниот ден уште 100 ќе му се приклучат.
31-годишниот капитен на премиерлигашот смета дека фудбалерите ја кријат својата сексуалност бидејќи се плашат од одговорноста како први фудбалски ѕвезди кои признале дека се геј.
„Би кажал дека има најверојатно по еден геј или бисексуалец во секој фудбалски тим. Но, мислам дека кога една од големите ѕвезди ќе го признае тоа, и другите ќе се охрабрат. Верувам дека уште во првата недела ќе има стотина луѓе кои ќе излезат. Никој не сака да е прв, но мислам дека е вистинско време“, вели 31-годишниот Дини.