Бундеслигашот Келн објави дека тројца членови на нивниот клуб имале позитивен тест на корона вирусот, откако вчера биле тестирани сите фудбалери, тренери и придружен персонал на клубот. Тројцата нема да бидат именувани, но влегуваат во 14-дневен период на карантин, иако немаат симптоми.
Клубот исто така потврди дека групните тренинзи, кои како во сите германски клубови траат од 6 април, ќе продолжат и покрај позитивните тестови.
„Здравјето и приватноста на фудбалерите и членовите на клубот се наш приоритет. Претходните мерки се покажаа како доволно и сега можеме да реагираме со индивидуални решенија“, вели генералниот менаџер на клубот, Хорст Хелд.
Овие вести фрлаат сомнеж дека Бундеслигата ќе продолжи и покрај првичните најави дека ќе се почне со фудбалот на 9 мај. Бундеслигашите ја одложија одлуката за продолжување на сезоната на 16 мај по барање на канцеларката Ангела Меркел.
Nach positiven Tests auf #Corona sind drei Personen beim #effzeh in Quarantäne. Das Gruppentraining kann wie geplant fortgesetzt werden. Alle Infos ? https://t.co/0as7sB4Z0e
— 1. FC Köln (@fckoeln) May 1, 2020