Фудбалскиот клуб Барселона, во летниот преоден рок, ќе го бара наследникот на Серхио Бускетс. „Мундо Депортиво“, објави дека челниците на Барселона издвоиле тројца фудбалери, Шпанец, Французин и Италијанец.
Први пик на Барселона е Едуард Камавинга. За 18-годишникот од Рен, од минатото лето сериозен интерес покажува и Реал Мадрид. Тинејџерот, кој веќе има три настапи за Франција, има договор со Рен до јуни 2022 година. „Трансфермаркт“, негобата вредност ја проценува на 60 милиони евра.
Следен на листата на желбие е 23-годишниот фудбалер на Сасуоло, Мануел Локатели. Според овој извор, Барселона, две години ги следи неговите настапи. Во меѓувреме, Локатели стана стандарден член на италијанската репрезентација. Медиумите го поврзуваат и со трансфер во Јувентус. Неговата вредност според „Трансфермарк“ изнесува 35 милиони евра.
Последен на оваа листа е 24-годишниот играч на Реал Сосеидад, Микел Мерино. Проблем за евентуалниот трансфер може да биде договорот на фудбалерот со Реал Сосиедад, кој истекува во јуни 2025 година. Ова лето неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра, а наредната ќе биде за пет милиони повисока.
Кај „Трансфермарк“, тој вреди 40 милиони евра.