Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) денеска ги објави номинациите за најдобрите играчи по позиции во минатата сезона на Лигата на шампиони. Според очекувањата, доминираат играчите на два финалисти, Манчестер Сити и Челси.
За најдобар голман ноинирани се Едуард Менди (Челси), Едерсон (Сити) и Тибо Куртоа (Реал Мадрид).
Во конкуренција за најдобар одбранбен играч се Цезар Аспиликуета и Антонио Ридигер (Челси), како и Рубен Диаш (Сити).
За најдобар играч од средниот ред во конкуренција се Жоржињо и Нголо Канте (Челси), а конкурент им е Кевин де Брујне (Сити).
Во конкуренција за најдобар напаѓач нема ниту еден играч од „сините“ и граѓаните“. Тука се Роберт Левандовски (Баерн), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Ерлинг Халанд (Борусија Д.)
Освојувачите на наградите ќе бидат познати при жрепката за новата сезона во ЛШ на 26 август во Истанбул.