Top Sport

Тројца постигнаа по хет-трик, но Меси е играч на колот

Европската фудбалска унија (УЕФА) го прогласи Аргентинецот од Барселона, Лионел Меси за најдобар игра во второто коло во Лигата на шампионите.

Меси со два гола ја предводеше Барселона до победата над Тотенхем (4:2) во Лондон. Аргентинецот со она што го прикажа на „Вембли“ ја воодушеви англиската спортска јавност и јавноста на континентот.

Интересно, Меси, оваа награда ја доби и по првото коло, кога во победата на Барселона над ПСВ Ајндховен (4:0) постигна хет-трик.

Во конкуренција за наградата беа уште и Един Џеко, Паоло Дибала и Нејмар, кои постигнаа по три гола во победите на своите екипи.

Џеко против Викторија Плзен, Дибала против Јанг Бојс, а Нејмар против Црвена ѕвезда.

Scroll to Top