Top Sport

Тројца се враќаат во тимот на Јувентус за дербито со Интер

Јувентус ќе биде посилен за дербито со Интер ќе биде посилен за тројца фудбалери.

Медиумите на Апенините потврдија дека тренерот Мсимилијано Алегри ќе може да смета на Душан Влаховиќ, Анхел Ди Марија и Глејсон Бремер за натпреварот против Интер. Добра вест за Алегир е и враќањето на Федерико Киеза. Италијанскиот репрезентативец, по пауза од 10 месеци, синоќа го одигра првиот натпревар за „старата дама“.

Јувентус ќе го пречека Интер, во „Дерби дела Италија“, во рамките на 13.коло. Натпреварот на програмата е во недела од 20:45 часот.

Табелата пред дербито вели дека Интер со 24 бода се наоѓа на петтото место, Јувентус е шести со два бода помалку.

Scroll to Top